Се чистат јавните површини на улиците „Марко Цепенков“ и „Ристо Чадо“
Оперативните служби на Ј.П. „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат акции за расчистување и подигнување на расфрлан ситен и кабаст отпад од јавните површини. Во текот на вчерашниот ден се расчисти тревната површина во близина на Ј.З.У. „Општа болница“ – Охрид по улицата „Марко Цепенков“ каде несовесни поединци расфрлале најразновиден градежен отпад од уредување на домовите, пластична амбалажа и др.
Денеска акцијата се реализира на улицата „Ристо Чадо“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до „Стобекс“.