Се е подготвено за „Денот на Хуманизмот во Охрид „Проф. Др Јован Стојаноски 2019“, посебна благодарност на хуманите лица и компании
Денот на Хуманизмот во Охрид „Професор Доктор Јован Стојаноски“, кој ќе се одржи на ден 15-12-2019 година, во чест на прерано починатиот Градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, влегува во завршна фаза, известуваат од организаторот Здружение за еднакава застапенсот на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА од Охрид.
- „Првата фаза од може да се рече сложената организација, во смисол да се соберат материјалните добра, кој ќе бидат донирани на социјално ранливата категорија во Општина Охрид и Општина Дебрца, благодарение на донаторите, кој изразија посебна почит кон ликот и делото на Професор Доктор Јован Стојаноски, денес заврши.
Во ова прилика, мора да изразиме посебна благодарност на лица и правни субјекти, кој ги донираа материјалните добра, а тоа се следните правни и физички лица:
- „ СН БРОКЕР“ ДОО БИТОЛА
- „СТОМАТОЛОШКИ ЦЕНТАР ДР. БАТКОСКИ“ ОХРИД
- „АНДРОС“ ДОО ОХРИД
- „РЕСКОМ“ ДООЕЛ РЕСЕН
- „АГРОТЕХНА“ ДОО СКОПЈЕ
- „СОС БАЛКАНМЕДИА“ ОХРИД
- „БАЛКАН МЕДИА СКАЈ“ ДООЕЛ ОХРИД
- „РУСКИ ТРАНС“ ДОО ОХРИД
- ЉУПЧО ГРДАНОСКИ
- ИГОР БЕЖОСКИ
- ЛАЗЕ ТАНЕСКИ
- САШО ДОНЕВ
- ВЛАДО АЛЕКСИОВСКИ
- СВЕТОЗАР СТЕФАНОВИЌ
- ВАНЧО КОСТОВСКИ
- ЉУПЧО КОЈЧИНОСКИ
- ДР. ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
Благодарение на погоре наведените донатори, обезбедена е поголем број на Бела Техника, во смисол, Шпорети на Дрва, Електрични шпорети, Фрижидери, машини за перење, прехрамбени производи, средства за хигиена.
Сите производи од Бела техника ќе бидат донирани на семејства, на кој им се најопходни, додека средствата за хигиена и прехранбените производи ќе бидат донирани на Детската Градинка во Охрид.
Ние како Здружение за еднакава застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА од Охрид, ќе поднесеме писмено барање до Советот на Општина Охрид, каде ќе бараме денот 15-ти Декември, со одлука на Совет на Општина Охрид, биде прогласен за Ден на Хуманизмот во Општина Охрид.
Првичната замисла за Денот на Хуманизмот во Охрид „Професор Доктор Јован Стојаноски 2019“ година, беше и вклучување на Општина Охрид. За жал од неразбирливи причини, Општина Охрид и ако најнапред ја прифати иницијативата, истата пречутно се откажа од одбележување на Денот на Хуманизмот во Охрид „Професор Доктор Јован Стојаноски 2019“.
Денот на Хуманизмот во Охрид „Професор Доктор Јован Стојаноски 2019“, ќе се одржи на ден 15-ти Декември 2019 година со почеток во 14 часот, пред Општина Охрид. Донациите на Денот на Хуманизмот во Охрид „Професор Доктор Јован Стојаноски 2019“, на семејствата ќе им бидат врачени од страна на семејството на прерано починатиот градоначалник на Охрид проф-др Јован Стојаноски“, истакнуваат од организаторот на Денот на Хуманизмот во Охрид „Професор Доктор Јован Стојаноски“.
Човекот е жив, се‘ додека се споменува и неговото име.
Л.Б