Се гради нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош
Со изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи.
Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки патеки на неколку локации во стариот дел на градот. На дел од патеките предвидено е да биде извршена замена на старите бехатон плочки со гранитни, а на дел од патеките ќе се врши поставување на нова основа и прередување. Исто така, во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на пумпните станици во населбата „Канео“ и во близина на хотел „Александрија“.