Се интервенира заради опасноста од голомразица
Заради минусните температури и можноста од појава на голомразица, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ноќеска интервенираа на повеќе сообраќајници во градот со посипување на абразивни средства.
Акцент се стави во стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“, фреквентните коловози и местата каде има остри и тесни свиоци и големи наклони.