Се исплаќа МОЈДДВ за последното тримесечје од 2020 година
Управата за јавни приходи известува дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
На граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.
Во последното тримесечје од 2020 година скенирани се 67 272 456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра.
Проектот МоЈДДВ кој Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година, успешно се реализира и успешно ги остварува двете главни цели: враќање назад пари кај граѓаните, и сузбивање на сивата економија.