Се намалуваат цените на горивата
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 4,8%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,361 ден/кг.