Се намалуваат цените на горивата
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,75%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 78,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,370 ден/кг.
WebOhrid / 12.12.2022 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги