23/11/2024
Македонија

Се намалуваат цените на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,05%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.09.2023 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,00 ден/ли, додека малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,447 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,715 ден/кг.


WebOhrid / 25.09.2023 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги