Се намалуваат цените на нафтените деривати
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,97%.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на постојната малопродажна цена и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на постојните малопродажни цени на нафтените деривати и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,959 ден/кг во однос на постојната цена и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 35,964 ден/кг.