26/11/2024
Македонија

Се намалуваат цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 11.07.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,822% или за 15,650 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,043% или за 24,500 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 3,906% или за 30,200 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,715% или за 9,100 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,7946 ден/$ и е за околу 0,245% понизок од курсот на доларот (56,9342 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,909 ден/кг.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Mакедонија, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 16.07.2024 година.