Се намалуваат цените на нафтените деривати
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,95%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.