22/11/2024
Охрид

Се обележуваат површините за поставување на урбана опрема пред деловни објекти

Надлежните служби на Локалната самоуправа деновиве спроведуваат активности за обележување на површините за поставување на урбана опрема пред деловни објекти, согласно Одлуката донесена од Советот на Општина Охрид.

Извршено е обележување на локациите во централното градско подрачје и чаршијата, а во текот на наредните денови, обележувањето ќе продолжи и на други локации по должина на кејот и стариот дел на градот, на кои е предвидено поставување на урбана опрема.

Се информираат сопствениците на деловните објекти, пред кои се поставува урбана опрема да ја почитуваат обележаната површина, бидејќи во наредниот период ќе следат засилени инспекциски контроли.

Општина Охрид ги повикува сопствениците на урбана опрема кои не поседуваат одобрение за поставување на урбана опрема, во најкус можен рок да поднесат барање до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина, со цел да им биде издадено потребното одобрение.


WebOhrid / 29.04.2022 / Општина Охрид