Се одигра третото коло во футсал од Училишната спортска лига
Денес во рамките на училишната спортска лига која е во организација на Сојузот за училишен спорт Охрид, а под покровителство на Општина Охрид се одигра третото коло од футсал лигата за основни училишта во Спортскиот центар „Климент Колески“.
Постигнати резултати:
ОУ „Братство-Единство“ 2:1 ОУ „Кочо Рацин“
ОУ „Христо Узунов“ 4:0 ОУ „Живко Чинго“
ОУ „Григор Прличев“ 2:2 ОУ „Ванчо Николески“
Училишните спортски лиги се играат под мотото „Играј за живот – избери спорт“.