Се одржа 8-иот Интернационален фолклорен фестивал „Денови на Дебрца 2019“
Синоќа во центарот на село Волино се одржа 8-иот Интернационален фолклорен фестивал „Денови на Дебрца 2019“.
На фестивалот учествуваа фолклорни ансамбли од Словачка, Романија, Бугарија и КУД „Дебрца“ и КУД „Младост” Кичево, од Македонија.
Прогласувајќи го фестивалот за отворен, градоначалникот Ногачески изрази топло добредојде на сите учесници, потенцирајќи дека и оваа културна манифестација е уште еден дел од нашите заложби за културна промоција на општина Дебрца.
Претпладнето градоначалникот во кабинетот ги прими претставниците на фолклорните ансамбли од Словачка, Романија и Бугарија и ги запозна со личната карта на општина Дебрца.
Притоа, оствари средба и со градоначалникот на општина Силистеа, Романија, со кого разговараа за можностите за идна соработка, особено на планот на аплицирањето и имплементацијата на европските проекти, при што од особено значење ќе биде искуството на нашите гости, со оглед на тоа да Романија е членка на ЕУ.