Се одржа деветтата седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион
Општина Охрид денеска беше домаќин на деветтата редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.
Со седницата претседаваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој од оваа седница официјално го oтпочна мандатот на функцијата Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На седницата беа присутни градоначалниците на општините од регионот, претставници на општинската администрација и претставници на Центарот за развој на југозападниот плански регион.
Членовите на советот ги разгледуваа и едногласно ги изгласаа Предлог одлуката и одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година со интерен финансиски извештај и Предлог одлуката и одлуката за усвојување на годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2022 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-II фаза на спроведување“.
На седницата беше презентирана и информација во врска со реализацијата на тековни проекти и доставени проектни апликации за предлог регионални проекти кај Бирото за регионален развој по Програмата за рамномерен регионален развој.
Исто така, на денешната седница на советот беше разговарано и за проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион и регионално решавање на проблемот со кучиња скитници со подготовка на заеднички проект за отворање на стационар во општините Охрид и Кичево.
WebOhrid / 30.03.2023 / Општина Охрид