Се одржа дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид
На денешната дваесет и шеста седница на Советот на oпштина Охрид, советниците со мнозинство гласови ги усвоија Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид; Предлог-одлуката за разрешување член во Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“- Охрид; Предлог-програмата за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година (Н1); Предлог-програмата за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година (Н2); Предлог-програмата за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1); Предлог-програмата за измени на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година; Предлог-програмата за измени и дополнувања на програмата ЈН урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година; Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година; Предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.
Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-одлуката за утврдување на надоместок и регулирање на постапката за одобрување на прекопи за поставување на инсталации во патна мрежа, како и за прекумерно користење на истата; Предлог-oдлуката за измени и дополнувања на одлуката за пренесување на правото за објавување на јавен оглас за давање на простор за поставување урбана опрема; Предлог-одлуката за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности; Предлог-одлуката за усвојување на Процената на загрозеност на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи; Предлог-одлуката за донесување План за заштита и спасување на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи; Предлог-одлуката за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Општинска организација – Сојуз на борци Охрид и Дебрца; Предлог-одлуката за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен санитарен и здравствен инспекторат Охрид; Предлог-одлуката за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен инспекторат за труд – Подрачно одделение Охрид и Предлог-одлуката за давање на трајно користење на специјално комунално возило марка „TOYOTA“ – сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.
Исто така беа усвоени и Предлог-одлуката за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 3 и ГП 2 во ДУП за дел од УЗ 16-Рача дел од УБ 16.3 – опфат 3 – Охрид во КО Велестово, општина Охрид со тех.бр. 17/21 од Декември 2022 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид; Предлог-одлуката за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 3.21, ГП 3.21а, ГП 3.22 и ГП 3.33 ДУП за 6-та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1-Охрид, во Охрид 2, општина Охрид со тех.бр. 02/22 од Март 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид; Предлог одлуката за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 3.18 и ГП 3.19 во ДУП урбана заедница 9 урбан блок 9.2 – Охрид, општина Охрид со тех.бр. 23/22 од Февруари 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1564/2 КО Лескоец; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.722 КО Свињишта; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.832/1 КО Охрид 4; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2350/1 КО Охрид 4; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1323 КО Велестово; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1007 КО Лескоец; Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 543, КП.бр. 546 и КП.бр. 545/2 КО Ливоишта. Предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 2105/1 КО Долно Лакочереј и Предлог-одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр. 2803/2 КО Елшани со бр. 08-15397/59 од 15.11.2022 година.
Дневниот ред на седницата беше надополнет со 6 точки: Предлог-програма за измена и дополнување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2023 година; Предлог-одлука за утврдување почетна цена за поставување на урбана опрема- покриени и непокриени шанкови со локации; Предлог-одлука за поставување урбана опрема- покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на Општина Охрид за периодот од 2023-2026 година; Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за 2023 година во општина Охрид; Предлог-програма за поставување реклами на урбана опрема-автобуски постојки на подрачјето на општина Охрид за период 2023-2028 година; Предлог одлука за примање на две траки за гимнастички вежби за две основни училишта во општина Охрид- донација Ховерцрафт Адриа ДОО Охрид. Овие точки беа усвоени со мнозинство гласови на советниците.
Од дневниот ред на седницата беа повлечени Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид и Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.
WebOhrid / 11.04.2023 / Општина Охрид