22/11/2024
Охрид

Се организира јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за изградба на објекти со намена А4 времено сместување, КО Елшани

СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за изградба на објекти со намена А4-времено сместување на кп 3134, кп 3135 и кп 3136, КО Елшани, општина Охрид, со техн.бр.11-11/24.02.2017 од јануари 2018 год. изработена од Друштво за просторно и урбанистичко планирање “Форми” дооел Битола.

Планскиот опфат кој е предвиден за разработка со оваа ЛУПД се наоѓа во непосредна близина на влезот од западната страна во населеното место Елшани и е дефиниран со граница која :

– на Исток се движи по граница на КП бр. 3630 по која всушност се протега постојниот локален пат,

– на Запад се движи по граница на КП бр.3138, КП бр. 3132 и КП бр. 3131,

– на Север се движи по граница на КП бр.3133/1.

Планскиот опфат е со површина од 1745,77 м2, односно 0,17 ха.
Јавната анкета ќе трае од 26.02.2018 – 02.03.2018 год. 
Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 28.02.2018 год. (среда) со почеток во 12.00 часот.

Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред Големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.

Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 32 став 1 од горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози за ЛУПД на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

Доколку во времетраење на јавната анкета заинтересираните не достават забелешки и предлози, ќе се смета дека немаат забелешки и предлози на планското решение.

Синтезен план од ЛУПД

Извод од просторен план за ЛУПД