Се отстранува досегашното име на скопскиот аеродром
Од ТАВ Македонија информираат дека на Скопскиот аеродром, почна да се имплементира Одлуката на Владата. Знакот со името на терминалната зграда се отстранува, додека процеси за промена на името исто така, согласно инструкциите на Владата, се спроведуваат, и за сите предмети и содржини на аеродромот.