Се подигаат расчистените снежни наноси
Ј.П. „Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден започна со акција за товарење на расчистените снежни наноси од улиците во централното градско подрачје, а во текот на ноќта се подигаа снежните наноси од чаршијата, плоштадот и пристаништето.
Активностите продолжуваат и во текот на викендов со покривање на поширокото градско подрачје.