Се поставуваат камените гранитни коцки на ул. „Македонски Просветители“
Утрово започна поставувањето на гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см, на улицата „Македонски просветители“ чија реконструкција е во тек. Гранитни камени коцки ќе бидат поставени и на тротоарите со димензии 5/5/8см.
Веќе е поставена атмосферска канализација, а според планираното, улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека и ново улично осветлување.
Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни.
WebOhrid / 24.03.2022 / Општина Охрид