Се поставуваат нови канделабри на улица „Македонија“
Надлежните служби на општина Охрид, денес поставуваа нови канделабри по улицата „Македонија“. Поставувањето на канделабрите е дел од предвидените активности на локалната власт за доуредување и разубавување на улиците во централното градско подрачје.
Претходно улица „Македонија“беше реконструирана и асфалтирана, а периодов е пренаменета во пешачка зона.