23/11/2024
Охрид

Се поставуваат заштитни брани со мрежа на реките од сливното подрачје на Охридското Езеро

Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од сливното подрачје на Охридското Езеро. Целта на овие метални механизми е да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во езерските води. Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период вакви заштитни мрежи ќе бидат поставени и на останатите речни корита.

Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП „Градски гробишта“, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.