Се преврте автомобил кај Славија
Денес, нешто пред 14:00 часот на булеварот „Свети Наум Охридски“, пред хотелот Белведере кај Славија се случи сообраќајна незгода во која се преврте автомобил.
На местото на незгодата веднаш пристигнаа екипи од Брзата помош и ТППЕ Охрид, а увид ќе изврши екипа од СВР Охрид.
WebOhrid / 10.08.2023