Се расчистува кејот од отпад и трска
Од рано утрово, екипи на „Охридски Комуналец“ интензивно работат на расчистување на кејот од отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови.
Ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеоролозите дека ќе дува јужен ветер со посилен интензитет.