Се реконструира патот преку Галичица
Јавната установа Национален парк Галичица Охрид информира дека регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција.
Овој патен правец дваесетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. На одлуката за затворање на овој патен правец реагираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид.