Се свикува собир на граѓани во Расино, Љубаништа и Сирула
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.
На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 18:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Љубаништа, с. Љубаништа. Собирот ќе се одржи во просторија во домот во селото.
На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Расино, с. Расино. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Сирула, с. Сирула. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница.
Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.
WebOhrid / 08.06.2022 / Општина Охрид