30/11/2024
Охрид

Се свикува собир на граѓани во Урбана заедница 3 „Кошишта“

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

На 17.06.2022 (петок) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани  за Урбана Заедница-3 „Кошишта“. Собирот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните УЛИЦИ: ул. “Гоце Делчев” – од бр.111 лева страна и 118 десна страна- пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица”бр.229 лева страна и бр.250 десна страна, ул.“Кирил и Методи” – дел од бр.42 до крај десна страна и од 19 до крај лева страна, ул.“Вардар”,ул.Андон Дуков од бр.39 до крај и од бр. 18 до крај, ул.“Пирин Планина” – дел лева страна од почеток до бр.35, до пресек со ул.булевар “Туристичка”,ул.булевар “Туристичка” лева страна од бр.89 пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица” бр.97, ул.“Стив Наумов” –од почеток до бр.49 и бр.2 до бр.38, пресек со булевар “Туристичка”, ул.“Пере Тошев”, ул.“Петар Поп Арсов”, ул.“Ѓоре Георгиески”, ул.“Крум Точков”, ул.“Васил Стефоски” – дел од бр.2 до бр.20 пресек со ул.Бистрица, ул.“Махмут Рифат”, ул.“Ариф Мустафа”, ул.“Xaџи Мустафа” – дел од почетната точка до бр.50 и од почеток до бр.27- пресек со ул. “Бистрица”, ул.“Илија Дуданоски”.


WebOhrid / 16.06.2022 / Општина Охрид