26/11/2024
Охрид

Се уредува Центарот за култура во Охрид

Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид во изминатиот период, на чело со директорот на Центарот за култура Горан Симоноски направи повеќе промени и тоа:

  • Редовен репертотоар на театарски претстави – секој петок на Театар.
  • Детска претстава организирана по школи, наскоро и на репертоарот.
  • Дигиталниот кино проектор после подолг период е ставен во функција и ќе може да се прикажуваат филмови.
  • Поставена е нова светлечка табла на кровот со новото лого и натпис на институцијата, со помош фирмата ГУГО од Охрид.
  • Реконструирани се излозите на кружното кај гимназија, префарбани со жолта боја, осветлени, испишан натпис ТЕАТАР ОХРИД и КИНО, од сопствени средства и помош од фирмата СУНА за бои и лакови.
  • Извршена е санација на санитарните јазли – WC (заменети и поставени нови чешми, умивалници, писуари, светла, ознаки и сл.) со помош на бутикот ЕМИЛИ од Охрид.
  • Се извршува редизајн на билетарата при самиот влез на Центарот за култура, со поставување нови украсни плочки, осветлување и следи нејзино досредување, исто од сопствени средтва.
  • Поставен е експонат од првиот кино проектор во ходникот во Центарот за култура.
  • Поставени се украсни сакциии, жардињери во главниот ходник и канти за отпадоци пред платото.
    Во преговори сме со одредени стопанственици да се реновира кино салата и сл.

Воедно ова претставува отворена можност до сите стопанственици кои се во можност да помогнат финансиски или со донации да се вклучат за што соодветно ќе им се оддолжат како институција.