22/11/2024
Охрид

Се уредува дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“

Во тек е рехабилитација и санација на дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“. Активностите се дел од програмските планови на Општина Охрид за партерно уредување во стариот дел на градот.

На оние делови каде што има поголеми оштетувања поставена е нова тампон основа и извршено е прередување на каменот.

Во текот на претходниот период со средства на општинскиот буџет, беше извршена реконструкција и рехабилитација на неколку улици и пешачки патеки.