Се уредува кружниот тек на булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“
Јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на уредување на тротоарските површини и атмосферска канализација на кружниот тек на Бул. „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“. Поставена е атмосферска канализација Ф-200 во должина од 45 метри со собирни шахти, а воедно просторно се уредува површина со бехатонска подлога на 350 м².