Се уредува зелениот појас од Хидробиолошки завод до Св.Стефан
Ј.П. „Охридски Комуналец“ го уредува тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потегот од Хидробиолошки завод до населба Св.Стефан.
Иако се работи за магистрален пат и одржувањето не е под наша надлежност, во интерес на граѓаните и туристите, нашите служби рачно и машински го косат тревниот појас на овој потег.