Се запали локомотива од товарен воз
Денеска (14 мај, недела), во Центарот за управување со кризи од ЈП „Македонски железници“ е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот.
Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа беше гасена со противпожарни пп апарати.
Според последните информации на ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај.
Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а железничкиот сообраќај е во прекин.
Според известувањето од МЖ, за околу половина час би требало да се заврши со увидот, по што би се регулирал сообраќајот.
WebOhrid / 14.05.2023 / Центар за управување со кризи