Се зголемуваат цените на горивата
Според најновата Одлука на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,81%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,108 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,780 ден/кг.
WebOhrid / 07.10.2024 / Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад