Се зголемуваат цените на горивата
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полнмоќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,23%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,010 ден/кг.