22/11/2024
Македонија

Се зголемуваат цените на горивата, поевтинува само екстра лесното масло за домаќинство

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,98%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,131 ден/кг.