22/11/2024
Македонија

Се зголемуваат цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 01.06.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг и ќе изнесува 24,613 ден/кг.

Од 09.06.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 58,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 60,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 39,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 24,613 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 09.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 11,30%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 10,42%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за околу 10,62% и кај мазутот зголемување во просек за околу 12,93%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,933%.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.