26/11/2024
Македонија

Се зголемуваат цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,12% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 13.04.2020 година. Одлуката е донесена согласно новата Уредба за акцизи усвоена од Владата на Република Северна Македонија.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 3,50 денари за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 54,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 34,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,983 ден/кг и ќе изнесува 19,123 ден/кг.

Од 22.04.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 52,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 54,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 46,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 34,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,123 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 0,903%, кај дизелот има намалување во просек за околу 11,190%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 17,852% и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 7,011 %.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за 0,757%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.04.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.