Се зголемуваат цените на нафтените деривати
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,62%.
Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.05.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.05.2021 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 59,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 33,881 ден/кг.