06/10/2024
Охрид

Седмо издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2024“

Од денеска до недела 22 септември во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе се одржи седмото издание на Меѓународната уметничка колонија ТРПЕЈЦА 2024.

Годинава на колонијата ќе учествуваат уметниците: Нина Тодоров и Владисав Богичевиќ од Ниш, Данчо Ордев од Скопје, Николаос Тамоутселис од Лерин и Наташа Попоска – Карче и Ѓоко Симјаноски од Охрид.

По традиција тие ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со учениците од Пештани и Трпејца, со мештаните, но и туристите.

Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид.


WebOhrid / 18.09.2024 / Здружение „За Трпејца со љубов“