Седмоноемвриски концерт на ОМУ „Методи Патче“
Во Основното музичко училиште „Методи Патче“, вечерва во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид, се одржа седмоноемвриски концерт, на кој присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски. Талентираните ученици под менторство на нивните наставници, со грижливо одбрана музичка програма, на инспиративен начин го чествуваа ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.