23/11/2024
Македонија

Седум претстави на репертоарот на велешкиот театар овој месец

Вкупно 7 претстави ќе бидат изведени на сцената на Театарот во Велес до крајот на јануари. Љубителите на театарската уметност од овој град на 17 јануари, четврток, ќе може да ја проследат претставата „Елешник“, претставата „Синиот портокал“ на репертоарот ќе биде на 18 јануари, додека на 22 јануари, вторник, на сцената на Театарот ќе се одигра претставата „Сомнително лице“, а на 24 јануари и претставата „Тоалет за дами“ …

Veleski_teatar

Според месечниот репертоар, на 26 јануари, сабота, е претставата „Спанаќ со пржени компири“, додека на 29 јануари, вторник, претставата „Театар љубов моја“. Месечниот репертоар на велешкиот театар завршува со претставата „Сомнително лице“ на 30 јануари.