Селекторот Ангеловски го објави списокот за мартовските контроли
Во пресрет на двата пријателски натпревари кои националниот А состав ќе ги одигра во Анталија во март, селекторот Ангеловски го објави списокот на повикани фудбалери.
„Пред нас е една исклучително значајна година и настапот во Лигата на Нации. Во списокот нема поголеми промени. Сметам дека во овој момент нема простор за експерименти, а освен тоа 2017 беше добра и задоволен сум од сите репрезентативци што беа повикани. Тоа што е добро не треба да се менува. Имаме голема шанса во Лигата на Нации и сакам да го освоиме првото место. Ги следам сите фудбалери и стојам зад изборот што го направив“, – вели Ангеловски.
Собирот на македонската А репрезантација е предвиден на 18 март во Белек, Анталија, а натпреварите се закажани на 23 март со Финска и на 27 март со Азербејџан.