02/12/2024
Македонија

СЕММ и ЗНМ: Строго почитување на Кодексот во известувањето за Украина

Советот за етика во медиумите и Здружението на новинари на Македонија, по почетокот на воените дејствија во Украина, ги повикуваат  медиумите да информираат со максимална одговорност и професионалност, без да придонесуваат во ширењето шпекулации и невистини во јавноста.

Од медиумите очекуваме строго придржување кон Кодексот на новинарите, објективност и максимална проверка на изворите, а информациите што се пласираат на социјалните мрежи да се употребуваат со особена внимателност.

Потсетуваме дека медиумите во ниту еден случај не смеат да бидат злоупотребени за да се шири радикален и потпалувачки говор, воен триумфализам и говор на омраза. 

До уредниците упатуваме препорака особено да внимаваат околу објавувањето на фогографии и снимки од повредени или загинати, имајќи предвид дека се работи за сензитивен материјал со вознемирувачка содржина, кој може да допре ранливи категории на граѓани и малолетни лица.

Ги повикуваме граѓаните кои ќе забележат непрофесионално новинарско известување веднаш да реагираат до СЕММ со поднесување на претставка против медиумот на следниов линк: https://complaints.semm.mk/ 


WebOhrid / 24.02.2022 / Совет за етика во медиумите