Сенароден предупредувачки протест
СЕНАРОДЕН ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ
ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО, НЕЛЕГИТИМНИТЕ
КАПИТУЛАНТСКИ СПОГОДБИ И ПРЕГОВОРИ
УТРЕ, Среда (31.01.2018 г.) во 17.00 часот, пред Собранието на РМ
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД – СУВЕРЕНОТ- ГЛАСАЧИТЕ НА РМ
Ќе ја упатат својата ПОРАКА до медијаторот Метју Нимиц, да се повлече од срамната, недостинствена и за нас, Македонскиот народ, недозволива позиција на посредување во наметнат, крајно асиметричен и во целина апсурден СПОР СО ИМЕТО:
1. Да престане да биде соучесник во геноцидот и уништувањето на Македонскиот народ и македонската држава, во недозволеното мешање и повредување на македонскиот ИДЕНТИТЕТ и на нашите суверени народни, национални и државни права и интереси.
2. Да им ја пренесе во ОН нашата НЕСОГЛАСНОСТ со овие АНТИДЕМОКРАТСКИ, ГЕНОЦИДНИ, ФАШИЗОИДНИ ПОЛИТИКИ, со кои ни се прави целосен притисок, преку злоупотреба на нашите државни институции и инсталираната нелегитимна власт во Парламентот на РМ и во Владата на РМ, самите да се откажеме од нашето основно право и слобода, да бидеме тоа што сме, МАКЕДОНЦИ и да ја сочуваме нашата единствена татковина, матична држава на Македонскиот народ, Република Македонија, која е единствен носител и на македонското малцинство, народ, коешто живее во другите држави на светот, а особено во соседните држави, кои со срамните ,,мировни“ договори имаат добиено поголеми делови од територијата на Македонија и поради што Македонскиот народ ги трпи сите овие злосторнички и геноцидни политики и дејанија.
3. Македонскиот народ никогаш нема да ги прифати овие ,,РЕШЕНИЈА“ и ќе се бори со сите легитимни средства за враќање на насилно одземениот суверенитет, на суверените права, за исправање на направената историска неправда и штета и за ревизија на сите срамни одлуки, договори, спогодби против нашите национални и државни интереси.
4. Поеради наведените причини да достави Извештај до ОН дека Македонскиот народ – СУВЕРЕНОТ на РМ бара од него неотповиклива оставка на својата медијатоска позиција во ОН и дека сака Република Македонија да биде примена во ООН под уставното и државно име.
5. Истата порака ја упатуваме и до сите фактори и претставниците на ЕУ и НАТО во Р.Македонија, кои ги подржуваат овие непринципиелни антимакедонски политики и ,,решенија“ и нелегитимната власт на РМ, која треба истите да ги изврши.
6. Сите тие чинители од меѓународната јавност, да не соработуваат со нелегитимната власт, туку со конститутивниот суверен Македонски народ во својата матична, суверена, независна, самостојна, унитарна држава: Република Македонија.
7. Нашиот ОТПОР против донесувањето на нелегитимните одлуки, против водењето на нелегитимните преговори за името и потпишувањето на нелегитимните спогодби со Р.Грција, за името, го изразуваме со поведената Петиција, со која истите не ги признаваме и ги прогласуваме за невалидни.
Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив народен цивилизиран собир и протест упатуваме апел, Македонскиот народ – Суверенот – гласачите на РМ, своето суверено, народно и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизирано и секој учесник да биде совесен, одговорен за себе и за другите и да го запазува и да не го нарушува јавниот ред и мир.
30.01. 2018 г. Од Коалиционото единство со Македонскиот народ
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.