Сертификати за основците кои изучуваа Италијански јазик во две охридски училишта
Денес во општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ беа доделени дипломи на околу 100 ученици кои беа опфатени со проектот на Општина Охрид за факултативно изучување на италијански јазик.
Учениците од петто и шесто одделение од овие училишта за првпат годинава изучуваа италијански јазик два пати во неделата.
Предавач по овој предмет беше професор Маја Мијаиловиќ, а на настанот меѓу другите присуствуваа и универзитетските професорки д-р Радица Никодиноска и професорките Бранка Гривческа како претставници на Здружението на наставници по италијански јазик.
WebOhrid / 05.06.2023 / Општина Охрид