Сертификати за учество на конкурсот за најдобри средношколски есеи од Меѓународниот Славјански Институт
Шест наши гимназијалци под менторство на професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски добија сертификати за учество на Конкурсот за најдобри средношколски есеи од Меѓународниот Славјански Институт ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе и се застапени во печатената публикација „Средношколски размислувања 7“ како дел од најталентираните средношколци од средните училишта во Македонија.
Есеите на нашите талентирани гимназијалци зрачат со оригиналност, креативност и визионерство на следниве теми:
Ана Голабоска (III-1) – Чекорењето кон животот
Наталија Секулоска (III-1) – Во огледалото: сликата за нас самите
Кјара Лазаревска (III-1) – Што научивме од грешките
Калина Јованоска (III-2) – Јазикот наш денешен
Наталија Савеска (III-2) – Во огледалото: сликата за нас самите и Што научивме од грешките
Тамара Трајческа (IV-1) – Жени лидери – жените во образованието, науката и бизнисот.
Нека збирката есеи биде извор на инспирација за сите!
WebOhrid / 29.06.2023 / ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид