Шести состанок на главниот координативен кризен штаб
Заврши шестиот состанок на главниот координативен кризен штаб, на кој се дискутираа тековните состојби и најновите информации од Комисијата за заразни болести.
Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување реферираа за актуелната состојба на целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосна координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија.