Силувано девојче од Домот за деца со социјални проблеми
На 23.08.2018 година во 23:00 часот во Полициската станица Струга, 14-годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми, кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, пријавило дека истиот ден околу 16:00 часот непознато лице извршило други полови дејствија над неа. Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга.Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе. По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.