Сите натпревари од Прва и Втора МФЛ ќе се одиграат во недела
Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од Прва и Втора МФЛ дека Владата прогласи тридневна жалост на територијата на цела Македонија по големата трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица.
Планираните натпревари од 3. коло во Втората македонска фудбалска лига (исток и запад), ќе се одиграат в недела.
Со едноминутно молчење пред секој натпревар во Прва и Втора МФЛ (исток и запад) ќе им биде оддадена почест на жртвите од големата трагедија.