23/11/2024
Македонија

Сите ученици навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година

Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, односно во текот на месец јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска.

Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование.

По целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение. Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно Календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни.